Понеделничкиот малер спречи Брајтон да стане лидер на Премиер лигата

Брајтон не го издржа притисокот и пропушти прилика да се искачи на првото место во англиската Премиер лига. Кристал палас и Брајтон одиграа 1-1, со гол од пенал на Вилфрид Заха за домашните и Маупеј во 95-тата за изедначување. На Заха омилен противник му е Брајтон, против кого во кариерата дал 8 гола, а на последните пет дуели секогаш им дава гол.

За Брајтон ова беше 11-ти пат да игра премиерлигашки меч во понеделник навечер и никогаш не победил. Ако победеше, Брајтон за првпат во својата историја ќе преноќеше како лидер на Премиер лигата. Од актуелните 20 тима, сите други освен Брајтон биле првопласирани некој ден.

Вака првото место го задржува Ливерпул, кој има бод плус во однос на двата тима од Манчестер, Челзи, Евертон и Брајтон. Од сите овие тимови, само Брајтон има помалку од десет постигнати голови.

- Оглас -

Најнови вести