Игор Ангеловски ќе командува и денеска од 15 часот со златната генерација македонски репрезентативци на дуелот со Естонија, а за среќа ќе патува и на Кипар утре за дуелот со Ерменија во Никозија, закажан за 18. ноември од 18 часот.
Ангеловски преживеа вистинска драма, откако првиот тест на Ковид-19 што е непоходен за пат на Кипар му бил неуспешно изведен, па мораше рано изутрина околу еден часот да прави нов тест.
Сепак за среќа се се заврши во посакуван правец, наодот од втор обид му е негативен и популарниот Мрме ќе биде на клупата на нашата селекција и за последниот меч во групата, против Ерменија на Кипар.
Ќе се игра на 18. ноември од 18 часот на „НЕО ГСП“ арената во Никозија на наутреален терен. Ерменците поради политичката ситуација и конфликтот со Азербејџан во Нагорно Карабах не може да игра на свој терен, па одбраа да не пречекаат во Никозија.
Македонија пред стартот на последните две кола е прва во групата со 6 бода, колку што има и Грузија, а Ерменија е по нив со пет бода. Естонија е последна со два бода.
Победникот во групата ќе се пресели во повисок ранг на натпревари, во Б сегментот, а ќе има шанса да биде и шампион на Ц сегментот, ако победи во полуфиналето и во финалето со победниците од сите останатите три групи.