Драмата продолжува: Ѓоковиќ може да не се појави на следниот меч!?

Новак Ѓоковиќ се пласираше во осминафиналето на Австралија опен, откако во драматичен меч, во пет сета го победи Американецот Тејлор Фриц. И покрај победата, Ѓоковиќ е во проблеми, затоа што за време на мечот заработи повреда која очигледно не е наивна.

Самиот Ѓоковиќ вели дека во следните 24 часа сигурно нема да тренира, туку ќе чека резултати од прегледите, за тоа каква повреда се работи. Србинот дури даде и црни прогнози дека можеби нема да биде подоготвен да настапи на следниот меч. Сепак, Ноле е оптимист и верува дека ќе ја продолжи одбраната на тронот во Австралија.

„Загрижен сум, затоа што не знам што се случува. Мислам дека ми пукна мускул, многу чудно чувство. Почувствував болка при еден удар и знаев дека нешто лошо се случува. Не знам дали ќе можам да излезам на терен во следните два дена.Со Божја волја се надевам дека ќе можам“, рече Ѓоковиќ.

Во текот на мечот против Фриц, Ѓоковиќ во еден момент беше толку лут и нервозен што почна неконтролирано да вика на луѓето кои се наоѓаа во неговата ложа.

 

- Оглас -

Најнови вести