Ѓоковиќ во невидено издание, урлаше кон неговата ложа: Пола саат те чекам да кажеш нешто (Видео)

Новак Ѓоковиќ во драматичен меч се пласираше во осминафиналето од Австралија Опен, откако во пет сета го елиминираше Американецот Тејлор Фриц, со 7:6, 6:4, 3:6, 4:6, 6:2. Во поголем дел од мечот Ѓоковиќ делуваше нервозно, а најмногу тоа беше поради повредата која го мачеше во текот на средбата.

Во еден момент влезе во расправија со дел од публиката, а потоа почна да се дере на луѓето кои се во неговата ложа, каде беше и неговиот тренер Горан Иванишевиќ.

„Те чекам половина час да кажеш нешто“, се дереше Новак, кој остана без совет, но доби свирежи од публиката, поради своето непримерно однесување.

 

- Оглас -

Најнови вести