5.8 C
Skopje
среда, 4 февруари 2026

Драматични беа двата меча на Копа Америка, на крајот се радуваа Венецуела и Мексико (Видео)

Репрезентацијата на Венецуела со 2:1 славеше над Еквадор во меч од првото коло на Б групата на Копа Америка. Еквадор беше фаворит пред мечот, но лошо отворија кога директен црвен картон доби искусниот напаѓач Енер Валенсија.

И со играч помалку Еквадор прв даде гол и водеше на полувремето. Сепак, Венецуела заигра многу подобро во вториот дел и со головите на Кадиз и Бело во 64 и 74 минута направи целосен пресврт доволно за освојување на трите бода од овој важен меч.

Во вториот дуел од оваа група, Мексико минимално со 1:0 ја победи Јамајка. Први на погодок се израдуваа фудбалерите на Јамајка, но голот на Антонио беше поништен поради офсајд.

Потоа следуваше гол и тоа регуларен за Мексико преку Артеага во 69 минута, момент кој на крајот се покажа како клучен за трите бода во првото коло да завршат на контото на Мексико.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести