Големото дерби на холандскиот фудбал помеѓу Ајакс и Феенорд попладнево беше прекинато во 55-тата минута поради дивеењето на навивачите, при водство на гостите од 0-3.
Иако фудбалерите и официјалните лица го напуштија тревникот и се засолнија во соблекувалните, сепак, дивеењето продолжи и надвор од стадионот, а дел од навивачите успеаја да ги искршат влезните врати на службените простории и да влезат во поттрибинскиот простор.
На сето ова мораше да интервенира и полицијата, која со солзавец ги растеруваше илјадниците навивачи од пред стадионот на Ајакс.
https://twitter.com/MartienBall/status/1705973159327871023?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1705973159327871023%7Ctwgr%5E13faa632e8e9587eecc57400c69849e095780405%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fekipa.mk%2Fdramatichni-snimki-od-amsterdam-ekipite-zarobeni-na-stadion-besnite-navivachi-krshat-se-pred-sebe%2F
Ajax supporters bestormen hoofdingang. pic.twitter.com/zBc4JMnsJa
— Voetbal Ultras (@VoetbalUltras) September 24, 2023