Толку беше од холандското дерби, мечот е прекинат при историски 3-0 за Феенорд

Дерби дуелот помеѓу Ајакс и Феенорд е прекинат, откако навивачите на Копјаниците од Амстердам по вторпат почнаа да фрлаат пиротехнишки средства на терен.

Феенорд водеше со 3-0, а во финишот на првото полувреме, домашните фанови го прекинаа мечот. Тој прекин траеше кратко и судијата подоцна го продолжи мечот, но со опомена дека ако се повтори ова, дефинитивно ќе биде крај.

Второто полувреме почна, се играше 55-та минута, на семафорот и натаму беше 0-3, што е најубедливо водство кое Феенорд го имал на гости кај Ајакс во нивната историја. Навивачите на Ајакс повторно фрлаа факли на терен, играчите пак се повлекоа во соблекувална, а овојпат беше решено средбата да биде дефинитивно прекината и да не продолжи.

- Оглас -

Најнови вести