Манчестер сити како гостин го победи Вест Хем со 2-0 и сега има серија од 14 меча по ред без пораз од Чеканите, а двата гола беа дело на Ерлинг Халанд, првиот од пенал, вториот типичен голгетерски после фантастична асистенција на Кевин Де Бројне.
Сити уште во првото коло покажа дека е топ фаворит за нова титула во Англија, и дека гол-машината Халанд им е големо засилување кое може многу да им помогне.
Пред Халанд, само уште Серхио Агуеро во 2011 година даде два гола во дебито во дресот на Манчестер сити.
https://twitter.com/i/status/1556323765012910080