Дрогба полуде од радост, неговата земја на спектакуларен начин стана африкански првак (Видео)

Фудбалската бајка на Брегот на Слонова Коска вечерва беше заокружена на феноменален начин, со освоена титула првак на Африка.

Домашната селекција изоде многу тежок пат до славата, одвај ја минаа групата, како трети се пласираа во нокаут фазата, го сменија и селекторот среде првенство, во финалето вечерва губеа на полувреме од Нигерија со 0-1, но дојдоа до победа од 2-1, со голови на ѕвездите Франк Кеси и Себастиен Алер (фудбалер на кој пред две години му беше дијагностициран канцер на тестисите) за радост на 57-илјадната публика.

За БСК ова е трета континентална титула, по оние во 1992 и 2015 година. Нигерија остана на три, последната во 2013 година.

Најдобриот фудбалер во историјата на БСК, Дидие Дрогба, како играч не ја освои титулата првак на Африка, затоа и голема му беше радоста вечерва кога Кеси и Алер ја тресеа мрежата на Супер орлите:

- Оглас -

Најнови вести