Екипата на Феникс рајзинг го совлада Портланд тимберс со 3:0 во осминафиналето на плејофот во УСЛ лигата во САД, а дуелот ќе остане запаметен по водечкиот гол на 40-годишниот Дидие Дрогба во 28 минута.
Еден од најдобрите африкански фудбалери на сите времиња, од слободен удар од 35 метри испрати вистинска бомба кон голот на гостите, и голманот беше немоќен да го одбрани шутот.
lol….this is why we're winning.#UpRising pic.twitter.com/e2iSOP8rsD
— Phoenix Rising FC (@PHXRisingFC) October 20, 2018
Дрогба беше повлечен од игра во 71 минута, и ова може да му биде последен настап во дресот на тимот од Феникс. Дрогба сезонава даде пет гола на седум меча, а во четвртфиналето, Феникс ќе игра со Сакраменто рипаблик или Свуп парк ренџерс.