Македонската навивачка Фаланга веќе подолго време воспостави една убава традиција и ја почитува, а тоа е да одигра фудбалски натпревар со симпатизерите на противнчката репрезентација. Така беше и денеска во Коненхаген, каде што на фудбалскиот терен се сретнаа македонските и данските фанови.

На теронт имаше многу забава, дружење, но и фудбалско надмудрување, а на крајот иако резултатот беше во втор план, на победата се израдуваа домашните навивачи.
Ова беше дуел од забавен карактер, да се зајакне пријателството меѓу навивачите, но вечерва на стадионот „Паркен“ сигурно ќе се води беспоштедна борба како на теренот така и на трибините. На крајот, најважен е резултатот од вечерашниот меч. Македонија со победа над Данска ќе дојде само на еден чекор од пласман на СП 2026.

