Дрвениот одигра ѓаволски добро, Барнли го шокира Манчестер јунајтед (Видео)

Крис Вуд одигра ѓаволски добар меч и беше прв актер во сензацијата што Барнли ја приреди на „Олд Трафорд“. Дрвениот, како што на Крис му е прекарот според презимето, го постигна водечкиот гол во 39-тата минута, а потоа во одлична акција му асистираше на Џеј Родригес, кој го изведе потегот на мечот.

Родригес постигна вистински еврогол и буквално ги избрка симпатизерите на Манчестер јунајтед од трибините. Поголем број од гледачите не можеа да ја следат веќе очајната претстава на своите миленици и предвреме си заминаа од „Олд Трафорд“.

https://twitter.com/GDon_LFC/status/1220100921213976576?s=20

Ова е прва победа на Барнли против англсикиот гигант по пауза од 11 години и само втора во досегашните дуели со Црвените ѓаволи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести