Држава која одамна играла на СП, може да игра на Мундијал со трето различно име

Репрезентацијата на ДР Конго обезбеди бараж во африканските квалификации за пласман на Светското првенство во Катар и ќе има прилика за првпат по далечната 1974 година да биде дел од фудбалски Мундијал.

ДР Конго има играно на СП во 1974 година, и тоа под името Заир, а најпознати се по тоа што на Мундијалот во Германија во таа 1974 година загубија од Југославија со историски 0-9. ДР Конго, некогашен Заир, својот прв официјален меч го има играно во 1948 година под името Белгиско Конго.

Од Африка, пет тима одат на СП, а во баражот ќе разигруваат десет селекции.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести