Дека секогаш се тука кога е најпотребно, Државна лотарија и Црвен крст потврдуваат и со најновата заедничка хуманитарна акција. Се работи за поддршка на ранливи категории граѓани во борбата со ковид-19. Секој од нас може директно да помогне во оваа хуманитарна акција, и тоа на многу едноставен начин.
Со купување на инстант-лозовите на Државна лотарија, покрај тоа што може да добиете убави и вредни подароци, Вие ќе бидете и директни учесници и во хуманитарната акција. Во продолжение ви го пренесуваме соопштението за тоа како ќе се одвива оваа хуманитарка акција.
„Ова не е краткорочна кампања, ќе трае и по празниците, но токму сега, во времето за дарување можеме да се вклучиме сите и подарувајќи пакет-инстант лозови, покрај среќа, забава и добивки, да бидеме хумани и да подариме некому здравје.
Акцијата се одвива преку продажба на инстант лозовите „Еко скутер“ во коверт „Среќа плус“. Еден пакет лозови содржи 6 лоза, што значи дека акцијата „5+1“ продолжува, а дополнително со купување на овој пакет се учествува и во кругот на среќа и солидарност.
Во зимскиот период за борба со ковид-19, на најнемоќните им се потребни витамини и суплементи, за што ќе се наменат 10% од средствата собрани од оваа акција.
Зато ги покануваме сите граѓани и сите правни субјекти во пресрет на престојните новогодишни празници да подарат инстант лозови „Еко скутер” во пакет „Среќа плус” и да се вклучат во кругот на среќа и солидарност.
Акцијата на терен веќе започна. Тимови на Црвениот крст со првите досега собрани средства веќе набавија дел од суплементите и започнаа да ги посетуваат домовите на социјално загрозени и немоќни граѓани даруваќи ги првите пакетчиња за здравје“, стои во соопштението.
Пакетот „Среќа плус“ со инстант лозови „Еко скутер” може да го најдете на сите продажни места на Државна лотарија ширум нашата земја. Претпријатијата може да направат нарачка на: 02 32 77 77 и на promo@loto.mk, a со тоа да подарат среќа на свои вработени и соработници.
Подарете среќа и бидете хумани.
* Промотивен текст