Македонската машка репрезентација со победа ги почна натпреварите во годинeшново издание од Третата eвропска зона, Б група од тенискиот Дејвис купот.
Во Ларнака на Кипар, денеска во дуелот од првото коло беше совладана Малта со 2-1, па така македонските тенисери со победа го одбележаа јубилејниот 100-ти меч во ова натпреварување.
Решавачкиот поен го донесе дублот Калин Ивановски-Берк Бугариќ, кои со 6-4, 6-4 ги победија Алекс Дегабриеле и Лиан Деликата.
На мечот во двојки му претходеа двата сингла. Во првиот Малта поведе со 1-0 откако Дегабриеле го совлада Обрад Марковски во маратонски меч со 2-1 во сетови (7:3 во тај-брекот од решавачкиот сет). Во вториот сингл-меч Ивановски со 2-0 во сетови го победи Деликата.
Утре Македонија за противник ја има Молдавија, која во првото коло со 3-0 го совлада домашниот Кипар.