Прволигашките возбудувања продолжуваат со два меча во Струга и Кавадарци, а посебно внимание привлекува оној крај Охридското Езеро. Екипата на Струга ја пречекува Шкендија во меч на последните два шампиони на Македонија.
Стружани играат одлично на стартот од новата сезона и имаат максимални пет победи на пет меча, додека Шкендија има три победи и едно реми на четири натпревари.
Според квотите во Sport Life, тетовските „црвено-црни“ се во мала фаворитска предност со квота за победа од 2.23, додека квотата за победа на Струга е 2.85.
Шкендија веќе седум меча не знае за победа над Струга, а она што е интересно, тетовци на деветте меча на коишто гостувале крај езерото немаат победа. На четири од тие натпревари победувала Струга, а пет дуели завршиле нерешено.
На вториот денешен натпревар, Тиквеш го пречекува „фенерџијата“ Шкупи, единствената екипа која сè уште нема освоено ниту бод оваа сезона. Јасно, фаворитската улога ја имаат кавадарчани со квота за победа од 1.42 во понудата на Sport Life, додека изненадувањето на гостите од скопски Чаир има квота од 6.50.



