32.8 C
Skopje
четврток, 14 август 2025

Дуплантис го сруши светскиот рекорд 13 пати, а еве и колкава е неговата заработувачка

Шведскиот атлетичар Арман Дуплантис веројатно е главната ѕвезда на „кралицата на спортовите“, а вчера го собори светскиот рекорд во скок со стап по 13-ти пат. Дуплантис секогаш го подобрува рекордот за еден сантиметар и не е јасно која е границата до која може да оди, но ова е неговата заработувачка.

Светската атлетска федерација исплаќа по 100.000 долари за секој срушен светски рекорд, што значи дека Швеѓанецот само по овој основ има заработено 1,3 милиони долари.

Сепак, тоа е само дел од неговата заработка. Олимписките злата од Токио и Париз му донесоа по 50.000 долари, а за секоја победа во Дијамантската лига заработува по 10.000 долари. Таму веќе има 40 победи, што значи заработка од 400.000 долари.

Двапати беше севкупен победник и тоа му донесе по еден милион долари, а еднаш освои и половина милион долари.

Сепак, најголемата заработка ја има од спонзорските договори. Од производителот на спортска опрема „Пума“ добива по еден милион долари годишно и тоа веќе шест години, а тука се и Ред Бул со половина милион годишно, како и уште четири компании од кои годишно добива вкупно 1,5 милиони долари.

- Оглас -

Најнови вести