Дурант даде дури 55 поени за 42 минути, но не го спаси Бруклин од пораз

Кевин Дурант постави личен рекорд од 55 поени, но Бруклин нетс беше поразен од Атланта хокс со 115-122.

Дурант имаше неверојатна партија, личен рекорд му се и осумте тројки кои ги погоди, а овие 55 поени ги даде за 42 минути игра. Претходниот рекорд му беа 54 поени и тоа во 2014 година кога играше за Оклахома сити тандер.

Кајри Ирвинг постигна 31 поен, и Бруклин стана прв тим во историјата кој имал еден играч со над 50 и друг со над 30 поени, а да го загуби мечот.

Јунак на Јастребите беше Тре Јанг кој уфрли 36 поени, од кои девет во последната минута. Голем придонес имаа и резервите на Хокс. Тие дадоа 46 поени, а резервите на Нетс постигнаа вкупно 12 поени. После оваа победа, Атланта изби на осмото место на Истокот, со една победа предност пред Бруклин и Шарлот.

Голден стејт со прерсврт ја победи Јута, и обезбеди место во плејофот. Клеј Томпсон беше јунак на Вориорс со 36 поени, сите од игра, тој не шутна ниту едно слободно фрлање.

Јута водеше со 16 поени разлика на почетокот на последната четвртина, но на крај се радуваа Воините со 111-107. Голден стејт прекина серија од четии порази, и се бори со Далас за третото место на Западот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести