Дурант дебитира за Феникс и покажа дека си ја знае работата, играч на Детроит направи ретко видена глупост (Видео)

Дебито на Кевин Дурант за Феникс санс беше успешно, крилото се врати на терен по паузата и за 27 минути на теренот, уфрли 23 поени (од поле погоди 10 шута од 15 обиди), а имаше и шест скока и две блокади, со што помогна за победата на Сонцата над Шарлот хорнетс од 105-91.

Ноќеска одлична партија имаше Њујорк никс, кој со 142-118 го победи соседот Бруклин нетс, а Никс во првата четвртина погодија дури девет тројки и најавија дека се шутерски расположени. Тоа е седма победа по ред за њујорчани.

Милвоки бакс дојде и до 16-тата победа по ред, Елените со 139-117 го совладаа Орландо меџик, а Јанис Адетокумбо имаше 31 поен.

Вечерта ја одбележа и една неверојатна грешка на кошаркар на Детроит пистонс, која тимот го чинеше пораз од Чикаго булс. При 114-112 за Булс на 9,7 секунди до крајот, Пистонс требаше да изведе аут, но Џејден Ајви немаше решение и побара тајмаут. Проблемот е што Детроит веќе немаше тајмаути, па судиите топката му ја доделија на противникот, кој го искористи подарокот за победа од 117-115.

- Оглас -

Најнови вести