Џејмс Харден нема да настапи на олстар мечот во Кливленд на 20 февруари, објави неговиот нов клуб Филаделфија 76.
Брадата има проблем со тетивата на левото колено и сè уште не дебитирал за 76-ките, а сега е објавено дека ќе паузира најмалку уште една седмица и дека нема да биде во составот на олстар-тимот што ќе го предводи капитенот Леброн Џејмс.
На спротивната страна капитен е Кевин Дурант, но и тој нема да игра, а токму најинтересниот момент при изборот на составите е поврзан со него и со Харден.
До скоро беа соиграчи во Бруклин нетс, но Харден си замина, а само еден ден подоцна Дурант не го одбра во својот состав за олстар-мечот во ситуација кога останаа само двајца кошаркари, популарната Брада и Руди Гобер.
Харден замина во Филаделфија во најзвучната трампа во мини-преодниот рок во НБА, а Бен Симонс заврши во редовите на Бруклин нетс.