Дурант ја донесе долго очекуваната одлука каде ќе игра следната сезона!

НБА-ѕвездата Кевин Дурант и во следната сезона ќе игра за Бруклин нетс. Ова е прилично неочекувана одлука на популарниот КД, кој цело лето си бараше нов клуб и велеше дека сака да си оди ако остане Стив Неш за тренер.

Веројатно и парите придонесоа за ова. Дурант влегува во првата сезона од новиот договор со Нетс и ќе има годишна плата од 42,9 милиони долари, а ако остане до 2025/2026, би заработил вкупно 194 милиони.

Неш останува тренер, а сега се зголемуваат шансите да остане и Кајри Ирвинг. Во тимот ќе биде и здравиот Бен Симонс, па ако нема проблеми со повредите, Бруклин ќе биде кандидат за титулата.

- Оглас -

Најнови вести