Репрезентацијата на САД без никакви проблеми на убедлив начин го победи Бразил и се пласира во полуфиналето на Олимписките игри во Париз, каде што за противник ги чека Србија. Токму Американците и Србите беа назначени како главни кандидати за освојување медал, а ждрепката сакаше овие две селекции да се сретнат во полуфиналето.
САД и Србија веќе играа еднаш на овие Игри, и тоа во групната фаза, кога Американците победија со убедливи 26 поени разлика.
„Многу добро ја познаваме српската селекција, но и тие нас. Мотивацијата ќе биде многу важна за овој меч. Ги анализираме мечевите, правиме скаутинг и се подготвуваме“, вели Кевин Дурант, кој имаше дополнителна причина за радост по победата над Бразил.
Дурант постигна 11 поени против Бразил и тоа беше доволно да влезе во историјата на американската кошарка како играч со најмногу постигнати поени во историјата на ЛОИ. Дурант стигна до 494 поени на олимписките игри, надминувајќи го рекордот на Лиса Лесли, која беше досегашна рекордерка со 488 поени.