Дурант удри високо со ултиматум до Бруклин, ќе остане само ако ги избркаат тренерот Неш и менаџерот Маркс

Кевин Дурант сака да си замине од Бруклин нетс иако има договор со популарните Мрежички што е важечки уште четири години.

Еден од најдобрите кошаркари на денешницата неофицијално, според дел од американските медиуми, поставил ултиматум до сопственикот на клубот, Џозеф Цаи, да ги отпушти тренерот Стив Неш и главниот менаџер Шон Маркс.

Дурант е незадоволен од ланската сезона, во која Бруклин беше елиминиран во плејофот од Бостон селтикс, и тоа убедливо со 4:0 на стартот од плејофот.

За популарниот Дурантула заинтересирани се токму Келтите од Бостон, потоа и Торонто репторс и Мајами хит, како главни кандидати, ако дојде до заминување на високото крило од Бруклин нетс.

 

- Оглас -

Најнови вести