НБА-ѕвездата Кевин Дурант за време на Олимписките игри донел интересна одлука. Тој сака да инвестира во фудбалот и се насочил кон купување акции од францускиот гигант Пари Сен Жермен.
Се претпоставува дека кошаркарот ја донел оваа одлука за време на посетата на француската престолнина Париз со кошаркарскиот тим на САД за време на Летните олимписки игри. Дурант сфатил дека во Европа, според популарноста, сепак фудбалот е далеку пред кошарката.
Двократниот НБА-шампион Кевин Дурант вложи во ПСЖ преку својата компанија Boardroom Sports Holdings, LLC во Arctos Partners, стратешки малцински инвеститор во клубот.
Оваа инвестиција доаѓа во време кога спортските ѕвезди сè повеќе се насочуваат кон проширување на нивните инвестиции во европските спортски клубови. На пример, Леброн Џејмс пред неколку години инвестираше во Ливерпул, со што го покажа своето интересирање за спортската индустрија надвор од САД.
Ова не е првиот фудбалски клуб во кој Дурант инвестира. Тој веќе поседува акции од тимот на Филаделфија Унион, кој се натпреварува во МЛС-лигата на САД.