Кевин Дурант во Нетс можеби ќе игра само две сезони?

Кевин Дурант е најголемото засилување за Бруклин нетс, за него „мрежичките“ годишно ќе одвојуваат 41 милион долари за плата, а 30-годишното крило можеби во тој клуб ќе игра само две сезони.

Поради тешката повреда на Ахиловата тетива и операцијата, Дурант веројатно ќе ја пропушти целата сезона 2019/20, но од Нетс го знаеја тоа и сепак решија да го купат. Дурант во дресот на Нетс со бројот 7 на грбот и со Кајри Ирвинг како клупски колега веројатно првпат ќе ги видиме во сезоната 2020/21. Таму ќе игра и во 2021/22, а во летото 2022 има опција да стане слободен играч и да не го одработи до крај четиригодишниот договор вреден 164 милиони долари.

Доколку „експериментот“ со Нетс не го задоволи Дурант, тој сигурно ќе сака да си оди, па летото 2022 би можело да биде наредното со големи потреси во лигата бидејќи освен Дурант, тогаш слободен може да биде и Леброн Џејмс.

- Оглас -

Најнови вести