Дурант во Њујорк е завршена работа

Постсезонските шпекулации околу иднината на Кевин Дурант се појавија уште пред крајот на оваа сезона, а како што најавува новинарот на „Бличер рипорт“, Рик Бучер, ѕвездата на Голден стејт веќе постигнала договор со Њујорк никс да го облече дресот на франшизата од „Медисон сквер гарден“.

Дурант и претходно беше поврзуван со преселба во екипата од Големото Јаболко,  иако тој засега ги брани боите на Голден стејт и е во обид да ја освои третата последователна титула со Вориорс. Во редовите на актуелниот НБА-шампион, и покрај тоа што Дурант беше најкорисен играч во двете последни финалиња кои Голден стејт ги доби против Кливленд кавалирс, на Вориорс и натаму во прв план им се Стеф Кари и Клеј Томпсон.

Дурант по оваа сезона ќе биде слободен агент, а со Никси може да потпише максимален договор според кој би се задржал во Њујорк до неговата 35-та година.

- Оглас -

Најнови вести