Дури 28-мина македонски ракометари се кандидати за настап на ЕП

Селекторот на машката сениорска ракометна репрезентација, Данило Брестовац, го објави поширокот список на ракометари за престојното ЕП 2020 во Австрија, Шведска и Норвешка. Нашата репрезентација во првата фаза е во групата Б заедно со Австрија, Чешка и Украина.

На 10 јануари вечерта ривал ни ѝ е Украина, два дена подоцна играме со Чешка, а на 14 јануари со домашната Австрија од 18.15 часот.

На листата на Брестовац повратник е Велко Маркоски, додека шанса повторно ќе добијат Костадин Петров и Дарко Георгиевски, кои и досега биле на пошироки списоци на селекторите. Подготовките почнуваат на 21 декември во Скопје, а потоа ќе следуваат пет контролни натпревари.

Листата на Брестовац изгледа вака: Ристовски, Митревски, Томовски, Кизиќ, Д. Манасков, Димитриоски, Маџовски, Талески, Кузмановски, Крстевски, Димитриевски, Кукуловски, В. Маркоски, Велковски, Лазаров, Серафимов, Јагуриноски, Танкоски, Мишевски, М. Манасков, Д. Георгиевски, Г. Георгиевски, Поповски, Костески, Стоилов, Пешевски, Н. Маркоски, Петров.

- Оглас -

Најнови вести