Германците не можат да се помират со елиминацијата од Европското првенство на кое се домаќини откако англискиот судија Ентони Тејлор не досуди пенал во 107-мата минута по играњето со рака на Кукуреља.
На интернет се појави петициј, на која досега се потпишани 350.000 луѓе и таа ќе биде испратена во УЕФА. Според петицијата, од УЕФА ќе се бара преигрување на мечот.
„Незадоволните германски навивачи бараат повторување на мечот бидејќи сметаат дека на нивната репрезентација ѝ е нанесена неправда. Дури 350.000 луѓе ја потпишаа петицијата за повторување на натпреварот“, се вели во германските медиуми.
Сепак, до такво нешто нема да дојде, а одлуката на судијата Тејлор ја оправда и шефот на судиската организација на УЕФА, Роберто Росети, кој рече дека одлуката е исправна бидејќи раката на Кукуреља е во природна позиција.