28.8 C
Skopje
сабота, 12 јули 2025

Дури 40 земји може да ги бојкотираат Игрите во Париз ако ИОК дозволи учество на руски спортисти

Полскиот министер за спорт и млади, Камил Бортничук, изјави дека околу 40 земји би можеле да ги бојкотираат Летните олимписки игри што идната година треба да се одржат во Париз.

Бортничук оваа порака ја испрати откако Полска, Литванија, Естонија и Летонија заеднички го отфрлија планот на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) да им се дозволи на руските и белоруските спортисти настап на Игрите под неутрално знаме.

„Ако ги бојкотираме Олимписките игри, коалицијата од која ќе бидеме дел ќе биде доволно голема за да ги направи Игрите бесмислени, порача Бортничук.

Украинскиот министер за спорт, Вадим Гутсајт, порача дека спортските федерации во сите земји мора да ја засилат комуникацијата со меѓународните спортски федерации и да не дозволат да им се дозволи учество на Русите и Белорусите во меѓународните натпреварувања.

ИОК мината недела порача дека ќе ја разгледа можноста за да им се овозможи настап на руските и белоруските спортисти на Игрите во Париз, додавајќи дека ниту еден спортист не треба да биде попречен да се натпреварува само поради пасошот.

Планот на ИОК доби поддршка од Белата куќа, која не би се противела руските и белоруските спортисти да се натпреваруваат под неутрално знаме.

- Оглас -

Најнови вести