Дури девет меча од македонскиот фудбал се на понудата во Sport Life

Од 16 часот денеска се играат три меча од македонската Прва фудбалска лига, како и средбите во Вторите лиги. Лидерот Шкупи гостува во Битола кај фенерџијата Пелистер и јасно е дека трите бода ќе заминат за Скопје. Примамлив е коефициентот да има барем три гола на овој меч.

Македонија Ѓорче Петров е домаќин на Работнички во градското дерби. Тимот од Ѓорче Петров брка место кое води излез во Европа, па едноставно никако не смее да киксира на свој терен.

Во Велес, Борец игра против Струга Трим Лум, а гостите се во улога на фаворити. Три меча од ова коло се играат утре, но ги има денеска на понудата за обложување.

Во Втора лига, Вардар е домаќин на Тетекс и Црвено-црните треба да освојат три бода. И во останатите два меча од понудата, домаќините се фаворити.

- Оглас -

Најнови вести