Дури и да дојде Меси во Сити, Граѓаните нема да бидат непобедливи

Лионел Меси во вторникот го предаде своето барање за заминување од Барселона. Од тој момент, започнаа и шпекулациите за тоа каде Аргентинецот ќе ја продолжи кариерата. По неколку изминати дена, очигледно е дека Манчестер сити е најголем фаворит за да го добие потписот на Лео.

Тренерот на Сити, Пеп Гвардиола веќе подолго време потенцира дека би бил презадоволен ако во екипата биде доведен Меси. Гвардиола и Меси имаат одлични спомени од времето во Барселона. Со Пеп на клупата, Меси и Барселона стигнаа до шест титули во една календарска година.

Со Меси во тимот, Сити сигурно ќе биде уште поконкурентен во трката со Ливерпул за титулата во Премиер лигата. Легендата на Ливерпул, Џејми Карагер вели дека не се плаши дури и да дојде Меси во ривалот.

„Би сакал да го видам Меси во Премиер лигата. Единствено место во кое може да замине е Манчестер сити. Има одлични контакти со тренерот, а Сити е финансиски моќен тим кој може да ги исполни барањата на играчот. Ако Меси дојде, Сити сигурно ќе биде посилен, но тоа нема да го направи непобедлив. Барселона сезонава со Меси не освои ниту еден трофеј“, коментира Карагер.

- Оглас -

Најнови вести