Дури и да ја усвојат жалбата на Ѓоковиќ, австралиската влада најави дека пак може да го уапси Србинот

Неколку часа останува до почеток на судењето во Мелбурн на кое треба да се реши дали Новак Ѓоковиќ ќе добие дозвола за влез во Австралија, или најдобриот тениер во светот ќе биде депортиран.

Веќе неколку дена Ѓоковиќ е затворен во хотел за мигранти, затоа што неговата виза за влез во Австралија се испостави дека не е исправна. Адвокатите на Ноле веруваат дека имаат аргументи за Ѓоковиќ да добие влез во земјата, но владата на Австралија не се откажува лесно.

„Не постои јасно правило, ниту сигурност дека странецот може да влезе во Австралија. Постојат критериуми по кои даваме одобрение, а ние имаме свои причини за одбивање на визата. Никој не му даде сигурност на човекот дека медицинското одобрение ќе му биде прифатено“, награсуваат од австралиската влада.

Во еден дел од законот стои: Ако судот донесе одлука обвинетиот да го пуштат од карантин на слобода, ние и понатаму можеме да го ставиме во притвор, без разлика на одлуката од судот. Одлуката на судот да биде пуштен на слободан не значи дека властите на Комовелтот не може повторно да го уапсат.

Судењето на Ѓоковиќ ќе може да се гледа во живо на следниот линк.

- Оглас -

Најнови вести