Тука може да го следите судењето на Ѓоковиќ во живо

Новак Ѓоковиќ е во исчекување на одлуката на Судот во Мелбурн, дали конечно ќе добие дозвола за влез во Австралија, а со тоа и шанса за учество на Австралија опен.

Најдобриот тенисер во светот веќе неколку дена е во карантин, сместен во хотел во кој ги сместуваат мигрантите и не смее да има контакт со никого. Австралиските власти судењето на Ѓоковиќ го закажаа во понеделник во 10 часот наутро по локално време.

По македонско време тоа значи дека судењето ќе започне точно на полноќ, а овозможено е сите заинтересирани во живо да го следат процесот. Ова е ЛИНКОТ на кој ќе може во живо да се следи судењето на Ѓоковиќ.

Ноле е актуелен бранител на тронот на Австралија опен и рекордер со девет титули на првиот Гренд слем во сезоната. Дококу добие дозвола за настап, Ѓоковиќ ќе атакува на рекордната 21-ва Гренд слем титула. По 20 титули имаат и Рафаел Надал и Роџер Федерер.

Надал без проблем влезе во Австралија и Шпанецот денеска веќе освои еден турнир кој е како загревање за главниот настан. Надал со денешниот триумф, постави нов рекорд во историјата на тенисот.

- Оглас -

Најнови вести