Дури сега ќе биде бесен – Атрактивната Ана го „откачи“ Кирјос

Атрактивната руска тенисерка Ана Калинскаја објави на „Инстаграм“ дека веќе не е во врска со контроверзниот Австралиец Ник Кирјос.

Поранешната јуниорска финалистка на Ролан Гарос не криеше дека му е партнерка на познатиот тенисер, но врската очигледно е веќе минато.

„Не сме веќе во врска и не сме ниту пријатели повеќе. Нема повеќе да разговарам на таа тема, тоа е за мене минато“, објави 21-годишната Русинка, која е дел од младиот бран тенисерки од кои многу се очекува.

Калинскаја е и една од најатрактивните тенисерки на ВТА тур, а како јуниорка со титула во дубл на Отвореното првенство на Австралија и финале во сингл на Ролан Гарос го најави раскошниот талент.

Најголема победа досега во професионалната кариера ѝ е против шампионката на Отвореното првенство на САД, Слоун Стивенс, токму во Њујорк лани, на истиот турнир што Американката го освои во 2017 година.

- Оглас -

Најнови вести