Златан Ибрахимовиќ и Ромелу Лукаку постигнаа по еден гол за своите екипи во градското дерби на Милано, но погодоците не беа во фокуст на вниманието. Двете најголеми ѕвезди на екипите за малку ќе се истепаа пред крајот на првото полувреме.
Најпрво Лукаку влезе во конфликт со капитенот на Милан, Ромањоли, а потоа се вмеша и Ибрахимовиќ. Популарниот Ибра дофрли неколку провокативни збора кон Лукаку, а потоа следуваше и одговор на Белгиецот. Двајцата играчи влегоа во „клинч со главите“, а малку фалеше да дојде и до физичка пресметка.
Volledig in beeld: het opstootje tussen Zlatan Ibrahimovic en Romelu Lukaku tijdens Inter-Milan. pic.twitter.com/bqNa3pYF9R
— Willem Haak (@WillemHaak) January 26, 2021
Судијата на двајцата им даде по еден жолт картон, но аудио и видео снимките од средбата покажуваат дека има можност и за многу построга казна, затоа што работата во своја ингеренција ја превзема Обвинителството на фудбалската федерација на Италија.
Судијата Валерти во записникот не ги запишал сите детали од инцидентот, па затоа Дисциплинската комисија не може да заседава за случајот. Сепак, Обвинителството на фудбалската федерација на Италија има можност со прегледување на сите снимки, да донесе жестоки казни за двајцата фудбалери, па Милан и Интер во следните неколку меча да бидат без главните играчи на теренот.