Дури три репрезентации загубија со поголема разлика од таа со која Македонија беше поразена од Франција

Речиси никаква неизвесност немаше во денешните четири меча кои се играа на женското ракометно Европско првенство откако три средби завршија со двоцифрена разлика.

Шведска немаше милост кон кодомаќинот Словенија и победи со 33:22, а во оваа група Данска беше уште поубедлива и на крајот со 13 разлика ја победи Србија. На крајот резултатот на овој меч беше 34:21. Шведска има максимални 4 бода, додека Данска и Словенија имаат по два, а Србија е без бодови, но има шанси да оди во следната фаза ако во последното коло ја победи Словенија.

Најубедливата победа денеска ја забележа Норвешка во дуелот против Швајцарија. Уште по првото полувреме Норвешка имаше 10 гола предност (19:9), а на крајот средбата заврши 38:21.

Единствен возбудлив дуел беше тој меѓу Хрватска и Унгарија, а на крајот Коцкестите се радуваа со 21:18. Во оваа група Норвешка има 4 бода, додека Унгарија и Хрватска се со по 2, а Швајцарија како аутсајдер е без бодови.

- Оглас -

Најнови вести