Душко Ивановиќ ја прероди Ѕвезда, пред Црвено-белите падна и Макаби!

Црвена ѕвезда го совлада Макаби Тел Авив со 69-68 во драматичен натпревар од кошаркарската Евролига, по кој белградскиот тим има серија од три победи по ред откако го смени тренерот.

Откако на клупата седна Душко Ивановиќ, Ѕвезда не знае за пораз и сега е на 4-6 по десет одиграни мечеви.

Макаби не беше далеку од победа, во последната секунда Лоренцо Браун имаше обид за тројка со која можеше да им донесе победа на гостите, но неговиот шут преку раката на Бранко Лазиќ беше непрецизен. Натурализираниот Шпанец е ексчлен на Црвена ѕвезда.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести