Шкендија на полувремето водеше со 1:0 против Дуделанж, но на крајот загуби со 2:1. Гостите до пресвртот и победата стигнаа благодарение на погодоците кои беа постигнати по две големи грешки на голманот Беким Реџепи.
Чуварот на мрежата на македонскиот првак имаше две несфатливи реакции, а тоа умешно го казнија гостите. Сите три погодоци на мечот може да ги погледнете на видеото и да видите на кој начин Шкендија загуби од ривалот од Луксембург.