Шкендија водеше на полувремето, но на крајот загуби од Дуделанж

Македонскиот фудбалски првак Шкендија доживеа уште еден неуспех на свој терен откако загуби со 1:2 во дуелот со Дуделанж во квалификациите за пласман во Лигата на Европа. По овој неуспех, тетовци сега се многу поблиску до елиминација отколку до пласман во следната фаза.

Дуелот започна добро за Шкендија откако Агим Ибраими од пенал во седмата минута ги израдува фановите на стадионот „Тодор Проески“. За Ибраими ова беше трет погодок во третиот меч во Европа сезонава. Интересно е што Шкендија сите три погодоци кои летово ги даде во мечевите од квалификациите на УЕФА беа од пенал. Тоа само покажува колку е неефикасен македонскиот првак од игра, иако создаде многу шанси.

Дуделанж во второто полувреме покажа зошто минатата сезона играше во групната фаза од Лигата на Европа. Гостите од Луксембург со голот на Бетаиб во 64-тата минута израмнија на 1:1, а само четири минути подоцна беше досуден и удар од белата точка за Дуделанж. Сигурен реализатор беше Синани, што беше и конечен резултат од 1:2 за гостите.

Реваншот е следната недела на теренот на Дуделанж.

- Оглас -

Најнови вести