Два клуба се фаворити за потпис со Кристијано Роналдо

По две и пол години поминати во дресот на Ал-Наср, Кристијано Роналдо синоќа потврди дека ќе си замине од овој клуб на крајот од сезоната. Преку социјалните мрежи Роналдо најави дека завршува неговата приказна во Ал-Наср, но и тоа дека е време за нов предизвик.

„Ова поглавје е завршено. Приказната? Таа уште се пишува. Ви благодарам на сите“, беше пораката од Роналдо.

Веќе почнаа шпекулациите за тоа каде Роналдо ќе ја продолжи кариерата, а два клуба ја имаат фаворитската улога. Тоа се неговиот матичен клуб Спортинг Лисабон и американскиот ФК Лос Анџелес. Токму овие два клуба најдобро котираат барем според квотите за тоа каде Роналдо ќе ја продолжи кариерата.

Трет клуб на листата како можна нова дестинација на Роналдо е Ал-Хилал, кој ќе игра на Светското клупско првенство, каде што ќе го нема неговиот досегашен клуб Ал-Наср. Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, најави дека Роналдо сигурно ќе биде дел од Светското клупско првенство, но останува прашањето во чиј дрес ќе настапи.

 

- Оглас -

Најнови вести