Два НБА-тима сакаат да го бојкотираат полуфиналето од плејофот!?

Во Америка повторно се зголемија тензиите откако се појави ново видео на кое полицајци пукаа во ненаоружан Афроамериканец во сојузната држава Висконсин. Џејкоб Блејк е во болница и се бори за својот живот, откако неколкупати беше погоден со куршуми од полициските пиштоли.

Поради инцидентот, веднаш избија демонстрации, а беше прогласен и полициски час. Блејк беше застрелан од полицаец со седум куршуми во грбо,т и тоа пред своите деца. Пред неколку недели во САД имаше големи демонстрации по смртта на еден Афроамериканец кој беше задушен од полицаец.

Во знак на поддршка за Афроамериканците, во НБА сите носат маички „Животите на црнците се важни“. Сега, по најновиот инцидент, се појавија шпекулации дека кошаркарите на Бостон и на Торонто размислуваат да го бојкотираат првиот меч од полуфиналето на плејофот на Истокот. Засега не се знае конечната одлука и тоа дали тој меч ќе се игра.

Во мај, во САД беше убиен Џорџ Флојд, а голем дел од НБА-кошаркарите го кренаа гласот против полициската бруталност. Еден од најгласните беше Леброн Џејмс.

- Оглас -

Најнови вести