Обложувач кој во понеделникот во објект на Sport Life во Скопје уплатил два речиси идентични тикети, заработи 725.848 денари.
Скопјанецот одиграл два тикети, на едниот има 14 натпревари кој му донесе нето добивка од 280.618 денари, а на вториот тикет е додаден само натпреварот на Галатасарај во турската лига против Кајзериспор и нето-добивката скокна на 445.230 денари со уплата од 200 денари.
На натпреварите се одиграни два полни двознаци, односно на овие два меча се играни по две комбинации кои испаднаа.
Тоа се дуелите меѓу Јужна Кореја – Бахреин (3:1) на кој било одиграно 3+ голови и ГГ, потоа Оксер – Бордо (3:1) на кој одиграл 1 како и ГГ, потоа дуелот меѓу Торенсе и Пенафиел (1:0) на кој одиграл 1Х & 0-3 како и 1, дуелот меѓу Брадфорд и Марине (1:3) на кој одиграл и 2 и ГГ и мечот меѓу Гимараеш и Арука (2:1) каде одиграл и 1 и ГГ.
Играчот имал голема доза на среќа на дуелот од англиската Лига 1 меѓу Дерби Каунти и Бартон кој заврши со триумф на домаќинот од 3:2. Скопјанецот одиграл на победа на Дерби каунти и да има меѓу два и пет гола, а домашниот тим до победата дојде со гол во 93-та минута и освен своите навивачи го израдува и скопјанецот на кого му донесе одлична добивка од 12.000 евра.