Два страшни инциденти на Имола: едниот болид леташе во воздух (Видео)

Квалификациите на патеката Имола не поминуваат како што се очекуваше. Во првите 20 минути од квалификациите се случија два големи инциденти. Најпрво опасно излетување од патеката имаше возачот на Ред бул Рејсинг, Јуки Цунода.

Цунода започна жестоко и агресивно уште од самиот старт, но кога дојде до петата кривина, излета од патеката. Јапонецот ја изгуби контролата над болидот, кој удри во заштитната ограда, а потоа летна во воздух.

За среќа, Цунода веднаш излезе од болидот и сигнализираше дека е добро. Ваквите инциденти уште еднаш потсетија на важноста на ХАЛО системот кој спасил многу животи, а сега тоа на своја кожа го почувствува и Цунода.

Квалификациите беа во прекин, а по 10-тина минути пауза, возбудувањата продолжија. Во последните секунди од првата третина од квалификациите, се случи уште еден инцидент. Франко Колапинто ја изгуби контролата и неколку пати се заврте со болидот, а потоа удри во заштитната ограда.

Овие два инциденти потсетија дека патеката Имола знае да биде многу ризична за возачите. На оваа патека пред нешто повеќе од три децении, животот го загуби легендрниот Ф1 возач Аиртон Сена.

- Оглас -

Најнови вести