Двајца играчи на Баерн одбија да земат пиво во рака на традиционалното фотографирање (Фото)

Екипата на Баерн Минхен како и секоја година во овој период, го имаше групното фотографирање во кое фудбалерите позираат со пиво и се облечени во традиционална баварска носија.

Но, не сите играчи на фотографијата држат пиво во рака. Играчите кои го засилија Баерн летово, Садио Мане и Нусаир Мазрауи, одбија да се сликаат со пиво бидејќи тоа се коси со нивната вера. Тие се од исламска вероисповед, а Исламот забранува употреба на алкохол.

 

Со оваа фотографија, Баварците го најавуваат славниот фестивал на пивото, Октоберфест, кој годинава ќе се одржи во Минхен од 17 септември до 3 октомври.

За разлика од Мане и Мазрауи, на Матајс де Лихт, кој исто така дојде летово, не само што не му беше проблем да се слика со пиво, туку уживаше, за што доказ е насмевката.

- Оглас -

Најнови вести