Двајца играчи на Барселона не тренираат – решија да протестираат со народот

Низ цела Каталонија веќе со денови траат протести кои сè повеќе стануваат насилни и опасни. Поради тие протести, одложено е и најголемото фудбалско дерби меѓу Барселона и Реал Мадрид, кое требаше да се игра на 26 октомври на „Камп ноу“.

Најверојатно Ел Класико ќе се игра на 18 декември, иако постои и луда опција тоа да се игра во закажаниот термин на 26 октомври, но на 10.000 километри подалеку од „Камп ноу“.

Во пресрет на мечот од следното коло, поради протестите, играчите на Барселона ќе мора да патуваат 1.000 километри за да стигнат на гостувањето кај Еибар, а двајца играчи одбиле да тренираат синоќа во знак на поддршка на протестите. Жарарт Пике, кој јавно се залага за независна Каталонија не тренирал, а со него бил и Дембеле, кој исто така го пропуштил синоќешниот тренинг на Барселона.

 

- Оглас -

Најнови вести