Двајца од тројцата фудбалери со најскапи трансфери во историјата играат во Бразил

Поранешниот бразилски репрезентативец Филипе Кутињо направи трансфер од Астон вила во Васко де Гама од Рио де Жанеиро. Искусниот 33-годишен офанзивец и досега играше за Васко де Гама, но како позајмен играч. Бразилскиот клуб сега реши да го откупи договорот на фудбалерот кој го држи третиот најскап трансфер во историјата.

Интересно е дека Кутињо во Вско де Гама ја започна кариерата во 2009 година, а потоа играше за европските гиганти Интер, Ливерпул, Барселона и Баерн Минхен. Кога замина од Ливерпул во Барселона, трансферот изнесуваше 160 милиони евра.

По овој трансфер на Кутињо интересно е дека двајца од тројцата фудбалери со најголеми трансфери во историјата се во Бразил. Рекордерот Нејмар кој имаше трансфер од 222 милиони евра е член на Сантос. Меѓу Нејмар и Кутињо е Килијан Мбапе кој во ПСЖ од Монако дојде за сума од 180 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести