Двајца славеници на драматичната трка на влажниот Силверстоун

Британецот Ландо Норис од Мекларен победи на домашната денешна Формула 1 трка на патеката Силверстоун, и најдобро се снајде во хаосот кој го предизвика дождот.

Оскар Пјастри заврши на второ место, иако водеше во голем дел од трката, но кобна за него беше грешката која ја направи додека безбедносното возило беше на патеката и доби казна од 10 секунди, што му овозможи победа на неговиот тимски колега.

Огромна причина за славје имаше и Нико Хулкенберг кој послд 15 години тркање во Ф1, на 239-тиот настап, за првпат во кариерата се најде на подиумот, освојувајќи го третото место, пред Луис Хамилтон кој згреши по последното менување гуми, па мораше да се задоволи со четврта позиција.

Макс Ферстапен кој тргна од пол-позиција, немаше свој ден и заврши како петти.

- Оглас -

Најнови вести