Реал Мадрид вечерва има незгодно гостување кај цврстиот Хетафе, сигурно ќе има борба, а двајца фудбалери на Кралскиот клуб ќе мора да внимаваат и да бидат „нежни“ за да не добијат жолт картон со кој би добиле суспензија.
Французите Едуардо Камавинга и Орелиен Чуамени се загрозени од суспензија и за Реал не би било добро ако вечерва добијат картон бидејќи тоа ќе значи дека нема да играат на дербито со Атлетико в недела вечер.
Камавинга и Чаумени доколку играат против Атлетико, ќе треба да внимаваат и на тој меч бидејќи наредната средба е на 10 февруари со Жирона, со која водат трка за првото место. Веројатно тренерот Карло Анчелоти нема да ги стави двајцата во почетниот состав. Реал сезонава одигра пет меча без ниту еден од овие двајца последни играчи за врска, а играа и на други позиции по потреба.