Двапати одигран идентичен тикет со едно евро уплата донесе ќар од речиси 3.000 евра (Фото)

Во објект на Sport Life во Прилеп во вторникот се уплатени два идентични тикета на мечевите од Лигата на шампионите вкупно за 60 денари и донесоа добивка од 179.702 денари.

На тикетот се одиграни четири натпревари со слична игра, на три меча се бараше една од екипите да постигне барем еден гол во првото и барем два гола во второто полувреме, додека на еден дуел беше одиграно домаќинот да даде два гола во првото и барем еден во второто полувреме. Најмалата квота за овие игри изнесуваше 4.55, а најголемата 14.7.

Прилепчанецот ја предвиде победата на Борусија Дортмунд во Милано од 1:3 и го погоди најголемиот коефициент. Борусија даде еден гол во првото полувреме, а во вториот дел со два гола ја завери победата.


На дуелот меѓу Галатасарај и Манчестер јунајтед кој заврши 3:3 беше одиграна истата игра, но овојпат голови се бараа од турскиот шампион. Зијех во 29-тата минута погоди во првиот дел, а во второто полувреме Галатасарај даде уште два гола кои му донесоа бод.

Обложувачот имаше голема доза на среќа на мечот меѓу Реал Мадрид и Наполи (4:2) бидејќи Кралевите двата гола во второто полувреме ги постигнаа во финишот. Прво Нико Паз даде гол за 3:2 во 84-тата минута, а Хоселу ја завери победата со голот во 94-тата минута.

Одлично беше одиграно и на дуелот Арсенал – Ланс бидејќи тука се бараше Топчиите да дадат два гола во првото и еден во второто полувреме. Арсенал сите дилеми околу победникот ги реши во првите 45 минути, кога даде дури пет гола, а во вториот дел само ја завери победата.

- Оглас -

Најнови вести