3.8 C
Skopje
понеделник, 17 ноември 2025

Вардар со пенал победи на дербито во Битола, домашните скандираа ФФМ мафија (Фото+Видео)

Втора победа по ред на Вардар на гостувањата кај вечниот ривал Пелистер, вечерва скопските Црвено-црни славеа со 2-1 и се искачија на прво место на табелата во Првата македонска фудбалска лига, додека битолчани останаа долу во опасната зона, која води во Втората лига.

Сите три гола паднаа во второто полувреме. Вардар поведе со убав гол на Мато, потоа домашните израмнија со гол кој прво беше поништен, па ВАР ја исправи одлуката бидејќи немаше офсајд.

Во финишот, во 83-тата минута судијата Грујовски покажа пенал за Вардар кој беше потврден и од ВАР. Публиката скандираше „ФФМ мафија“, но вардарци четврто коло изведоа пенал.

Сигурен реализатор беше Горан Закариќ, кој е третиот пеналџија по Мато и Бабунски во последните три кола.

- Оглас -

Најнови вести